Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 16-та седница ја закажува за 02.04.2019 година (вторник), со почеток во 14:30 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 15-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 29.03.2019 година.
- Предлог-одлука за доделување дозвола за радио емитување на државно ниво, кое ќе се емитува преку мрежа на радиофреквенции определени од страна на Агенцијата за електронски комуникации.
- Информација во врска со доставена Иницијатива за вонреден инспекциски надзор во АВМУ до Државниот управен инспекторат.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ.
- Предлог-правилник за пристапот до системот за електронска евиденција на работното време во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Разно.