Седница бр.17 – 09.06.2021 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 17-та седница ја одржа на 09.06.2021 година, со почеток во 15:00 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

 

  1. Усвојување на Предлог-записник од 16-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 02.06.2021 година.
  2. Предлог за поведување прекршочна постапка против Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  3. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Студија за можностите за воведување дигитално радио.
  4. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Анализа на можностите и потребите за воведување DVB-T2.
  5. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Истражување-Анализи на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и на мажите во програмите на радиодифузерите.
  6. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-стока: пијалоци и потреби за кујна.
  7. Разно.


Accessibility

Accessibility