Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 18-та седница ја одржа на 16.06.2021 година, со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 17-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 09.06.2021 година.
- Предлог за изрекување мерка на ТВ Нова од Гевгелија за прекршување на член 41 од ЗААВМУ.
- Предлог за поведување прекршочна постапка против операторот ВИВА НЕТ од Берово за прекршување на член 141 од ЗАВМУ.
- Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТВ Стар од Штип.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Канцелариски материјали.
- Разно.