Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 2-та седница ја закажува за 23.01.2015 година (петок), со почеток во 14:00 часот…
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 2-та седница ја закажува за 23.01.2015 година (петок), со почеток во 14:00 часот.
Дневен ред
1. Усвојување на Записникот од 01-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 08.01.2015 година.
2. Предлог – Правилник за внатрешна организација и работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со Прилог бр.1 Графички приказ на внатрешната организација на Агенцијата – органограм.
3. Предлог – Правилник за систематизација на работни места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со Прилог бр. 1 Табеларен преглед на работните места и звања.
4. Предлог – Правилник за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
5. Предлог – Правилник за обезбедување на транспарентност во работењето на Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
6. Предлог –Правилник за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
7. Предлог –Правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
8. Нацрт – Правилник за начинот на објавување на податоците за работењето на радиодифузерите.
9. Нацрт – Правилник за стручно усовршување на вработените во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
10. Предлог – Записник од стручен надзор.
11. Предлог – Oдлука со која ќе се дозволи спроведување на промената во сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво ХОМЕ РАДИО ДООЕЛ Скопје.
12. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка: Kанцелариски мате-ријали.
13. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка: Тонери за принтер и копир апарати.
14. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка: Одржување и сервис на компјутерска мрежа и активна мрежна опрема.
15. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка: Одржување и сервис на фотокопир апарати, факс и принтери.
16. Разно.