Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 20-та седница ја закажува за 30.05.2016 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот…
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 20-та седница ја закажува за 30.05.2016 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Предлог-записник од прво продолжение на 18-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржано на 20.05.2016 година.
2. Усвојување на Предлог-записник од 19-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 20.05.2016 година.
3. Предлог-одговор во врска со мислењето на Владата на Република Македонија за Годишниот извештај за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година и Програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година.
4. Предлог-одлука за ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016-та година.
5. Предлог за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2016 година, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
6. Предлог-одлука за набавка од мала вредност, за потребите на Агенцијата.
7. Разно.