Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 23-та седница ја одржа на 24.08.2021 година, со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 22-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 04.08.2021 година.
- Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 април до 30 јуни 2021 година.
- Предлог–одлука за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис, музичко – говорно радио од општ формат, на македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Ново Село.
- Предлог-одлука за утврдување постоење на недозволена медиумска концентрација кај ТВ НОВА од Гевгелија.
- Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Кабел Нет од Струмица за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ-ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај за прекршување на член 55 ставови 5, 6 и 7 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ-ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ-ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и на член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ-ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД СИТИ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД СИТИ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ КОХА Меваип ДООЕЛ Тетово за прекршување на член 92 став 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КТВ ДООЕЛ Кавадарци за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и на член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Адаптивно и превентивно одржување на постојниот софтвер за анализа на РА и ТВ програми-НАВС.
- Разно.