Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 25-та седница ја закажува за 30.12.2014 (вторник), со почеток во 13:30 часот…
Д н е в е н р е д
1. Предлог – Решение за формирање Иницијативен Одбор кој ќе ги спроведе подготовките за основање на Македонски Комитет за мерење на публиката и Предлог – Решение за назначување на претставник од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
2. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка за: Канцелариски мебел и опрема, за деловниот објект на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“.
3. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка за: Изведба на ентериерски градежно – занатски работи во деловниот објект на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“.
4. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка за: Ревизорски услуги.
5. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка за: Агенција за привремени вработувања.
6. Предлог – Упатство за примена на одредбите за пласирање производи.
7. Нацрт – Одлука за утврдување листа со настани од големо значење за јавноста на Република Македонија.
8. Нацрт – Упатство за правото на кратко известување за настани за кои се стекнати ексклузивни права за емитување.
9. Предлог – Одлука за престанок на важност на дозвола за вршење радиодифузна дејност бр.07-214 од 28.05.2013 година на ТРД ТВ АРТ Артан ДООЕЛ Тетово.
10. Предлог – Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс, на државно ниво на ТРД ТВ АРТ Артан ДООЕЛ Тетово.
11. Разно.