Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 26-та седница ја закажува за 24.04.2014 година (четврток), со почеток во 11 часот.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 26-та седница ја закажува за 24.04.2014 година (четврток), со почеток во 11 часот…
Д н е в е н р е д
1. Усвојување на Записникот од 25-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 17.04.2014 година.
2. Извештај од програмскиот надзор (мониторинг) на програмата на:
– Трговското радио дифузно друштво КАНАЛ ТРИ ДООЕЛ Дебар, емитувана на 16 април 2014 година.
– ТРД ТВ Сител ДООЕЛ Скопје, емитувана на 18 април 2014 година.
– ТРД ТВ ВТВ Тони ДОО Валандово, емитувана на 20 април 2014 година.
– Радиодифузното трговско друштво ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ, Прилеп, емитувана на 14 и на 16 април 2014 година.
– ТРД ТВ КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје, емитувана на 20 април 2014 година.
– ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, емитувана на 17, 18, 19 и 20 април 2014 година.
– ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА ТИКВЕШИЈА ДООЕЛ Кавадарци, емитувана на 21 април 2014 година.
– Трговско друштво за радио – дифузна дејност ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје, емитувана на 17 април 2014 година.
– ТРД телевизија КОБРА ДОО Радовиш, емитувана на 22 април 2014 година.
– ТРД Алсат-М ДОО Скопје, емитувана на 21 април 2014 година.
3. Предлог- записник од стручен надзор.
4. Предлог- образец за извршен административен надзор.
5. Информација во врска со поведената претходна постапка на постапката за утврдување на причините за отворање на стечајна постапка над должникот Трговско радиодифузно друштво „РАДИО БЕСА” ДООЕЛ с. Црнилиште, Долнени.
6. Извештај од извршениот административен надзор на исполнувањето на обврската од член 13 став 1 од Законот за медиуми.
7. Барање бр. 11-216 од 17.04.2014 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр. 29 на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје за град Тетово.
8. Барање бр. 11-218 од 17.04.2014 година, за регистрирање на пакет програмски сервиси бр. 16 на ТРД – оператор на кабелска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид.
9. Барање бр. 11-218 од 17.04.2014 година, за регистрирање на дигитален пакет програмски сервиси бр. 4 на ТРД – оператор на кабелска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид.
10. Барање бр. 11-220 од 22.04.2014 година за регистрација на пакет програмски севиси бр. 5 на Друштво за услуги, производство и трговија ВВВ- ИНТЕРНЕТ ДООЕЛ Куманово.
11. Барање бр. 11-220 од 22.04.2014 година за регистрација на пакет програмски севиси бр. 4 на Друштво за услуги, производство и трговија ВВВ- ИНТЕРНЕТ ДООЕЛ Куманово подужница Липково.
12. Предлог – одлуки за доделување договори за јавна набавка за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
13. Разно.