Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 28-та седница ја закажува за 24.07.2019 година (среда), со почеток во 15:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 27-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 10.07.2019 година.
- Предлог-одлука со која се забранува промена во сопственичката структура на ТРД РАДИО СВЕТИ НИКОЛЕ ДОО Свети Николе.
- Предлог-одлука за поведување постапка за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација, по службена должност, кај ТРД РАДИО СВЕТИ НИКОЛЕ ДОО Свети Николе.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД МХ-РАДИО Охрид.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-услуга: Истражување-анализа на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во програмите на радиодифузерите.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-услуга: Одржување на системот за мониторирање на РА и ТВ сервиси и надзор над операторите на јавна електронска комуникациска мрежа.
- Разно.