Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја закажува 29-та седница на 09.05.2014г. со почеток во 13:00 часот.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја закажува 29-та седница на 09.05.2014г. со почеток во 13:00 часот.
Д н е в е н р е д
1. Усвојување на Записникот од 28-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 07.05.2014 година.
2. Извештај од извршениот административен надзор на исполнувањето на обврската од член 13 став 3 од Законот за медиуми.
3. Извештај од мониторингот на медиумското покривање на Претседателските и Предвремените парламентарни избори 2014 година за радиодифузерите на државно ниво.
4. Информација во врска со Нацрт-Преддоговорот за емитување/пренесување на ТВ/РА програмски сервис преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа.
5. Предлог-Одговор на дописот од ТРД ТВ Шутел ДООЕЛ Скопје, бр.03-2452/7 од 06.05.2014 година.
6. Информација по повод барањето на ТРД АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје за затемнување на реемитувањето на странскиот телевизиски програмски сервис ТВ ОБН за време на емитувањето на ТВ серијата “Девојката по име Фериха”.
7. Предлог-Одлука за одобрување средства за набавка на пригодни подароци, по повод службената посета од Високиот Совет за радио и телевизија на Република Турција (RTUK).
8. Предлог-Одлука за орочување на средствата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
9. Разно.