Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 3-та седница ја одржа на 27.01.2022 година (четврток) со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 2-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 25.01.2022 година.
- Предлог за донесување на одлука за ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022-ра година, со предлог – одлука.
- Предлог за изрекување јавна опомена на операторот ПЕТ НЕТ од Гевгелија за прекршување на член 141 од ЗАВМУ.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици.
- Предлог – правилник за изменување и дополнување на Правилникот за користење на службени мобилни телефони и 3Г УСБ модем во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
- Разно.