Седница бр.32 – 09.10.2023 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 32-та седница ја одржа на 09.10.2023 година (понеделник) со почеток во 14:00 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 31-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 27.09.2023 година.
  2. Предлог-одлука за доделување на дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс на регионално ниво.
  3. Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД Радио КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип.
  4. Предлог-одлука за продолжување на рокот за започнување со вршење на дејноста на Непрофитната радиодифузна установа УНИВЕРЗУМ Скопје.
  5. Предлог за поведување прекршочна постапка против Радиодифузното трговско друштво МЕТРОПОЛИС РАДИО ДОО Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  6. Предлог за поведување прекршочна постапка против Радиодифузното трговско друштво МЕТРОПОЛИС РАДИО ДОО Скопје за прекршување на член 54 став 5 од ЗААВМУ.
  7. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА ПЛУС ДОО Куманово, за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
  8. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ЗДРАВКИН Ангелче Здравкин, ДООЕЛ Велес, за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  9. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Гостивар, за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  10. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Гостивар, за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
  11. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка –  услуга: Пренос на податоци од далечинските локации.
  12. Разно.


Accessibility

Accessibility