Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 33-та седница ја закажува за 30.05.2014 година (петок), со почеток во 13 часот…
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 33-та седница ја закажува за 30.05.2014 година (петок), со почеток во 13 часот.
Д н е в е н р е д
1. Усвојување на Записникот од 31-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 21.05.2014 година.
2. Усвојување на Записникот од 32-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 28.05.2014 година.
3. Информација во врска со усвоениот Нацрт – Преддоговор за емитување/пренесување на ТВ/РА програмски сервиси преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа.
4. Информација во врска со извршените контролни надзори врз работата на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи ВВВ-ИНТЕРНЕТ ГРУП ДООЕЛ Куманово и Друштво за производство трговија и услуги ИП СИСТЕМС ДООЕЛ увоз-извоз Куманово на ден 13.05.2014 година.
5. Информација во врска со потребата за предвремено раскинување на Договорот за јавна набавка бр.03-3307/1 од 23.07.2013 година (бр.014/2013 од 23.07.2013 година), склучен со Друштвото за производство, трговија и услуги „ГРАФОСЕТ ДИЗАЈН И ПРИНТ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со Предлог – Одлука.
6. Барање бр. 11-256 од 27.05.2014 година, за регистрирање на пакет програмски сервиси бр. 10 на ТРД РОБИ ДООЕЛ Штип.
7. Барање бр. 11-256 од 27.05.2014 година, за регистрирање на дигитален пакет програмски сервиси бр. 31 на ТРД РОБИ ДООЕЛ Штип.
8. Барање бр. 11-257 од 27.05.2014 година, за регистрирање на пакет програмски сервиси бр. 12 на Друштво за производство, трговија и услуги БТВ-НЕТ ДОО Битола.
9. Барање бр.11-204 од 27.03.2014 година, за регистрирање на дигитален пакет програмски сервиси бр. 7 на Друштво за производство, трговија и услуги БТВ-НЕТ ДОО Битола.
10. Барање бр. 11-258 од 27.05.2014 година, за регистрирање на пакет програмски сервиси бр. 5 на ТИД Студио Андес ДООЕЛ Радовиш.
11. Барање бр. 11-258 од 27.05.2014 година, за регистрирање на дигитален пакет програмски сервиси бр. 2 на ТИД Студио Андес ДООЕЛ Радовиш
12. Информација од студиската посета на Германија, за „Почитување на човековите права во медиумите“, подготвена од м-р Андриана Скерлев – Чакар, м-р Емилија Петреска – Камењарова и м-р Тања Пачоска.
13. Извештај од присуство на работилница, подготвен од Арбен Саити.
14. Разно.