Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 33-та седница ја одржа на 16.10.2023 година (понеделник) со почеток во 12:30 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од првото продолжение на 31-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 09.10.2023 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 32-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 09.10.2023 година.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Гостивар, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог – решение за продолжување на рокот за одлучување по покренатата постапка за одземање на дозволата на ТРД Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Горива за потребите на Агенцијата.
- Приговор од вработена во Стручната служба на Агенцијата против Одлука арх.бр.04-3579/1 од 29.09.2023 година.
- Разно.