Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 36-та седница ја одржа на 29.09.2022 година (четврток) со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 35-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 16.09.2022 година.
- Предлог-одлука за зголемување на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година.
- Предлог-Методологија за изменување и дополнување на Методологијата за вршење програмски надзор (мониторинг) бр.01-3905/1 од 23.07.2014 година.
- Информација во врска со Барањето од комерцијалните радиостаници на државно ниво.
- Предлог-одлука за исплата на надоместок за смрт на член на семејство.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга од Биро за превод.
- Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга – обука на тема „Примена на стандардите при подготовка на техничките спецификации, дефинирање на критериумите за утврдување способност и следење/контрола на реализацијата на склучените договори за јавни набавки“, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.
- Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Разно.