Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 38-та седница ја закажува за 27.06.2014 година (петок), со почеток во 11 часот…
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 38-та седница ја закажува за 27.06.2014 година (петок), со почеток во 11 часот.
Д н е в е н р е д
1. Усвојување на Записникот од 37-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 18.06.2014 година.
2. Извештај од извршениот контролен административен надзор на исполнувањето на обврската од член 13 став 1 од Законот за медиуми, со Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТРД Енергу Радио ДООЕЛ увоз-извоз Струга.
3. Предлог-Конечен извештај за извршена ревизија на канцелариско и архивско работење.
4. Информација во врска со отворената и заклучена стечајна постапка над Трговско радиодифузно друштво„ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА” ДООЕЛ Скопје, со Предлог одлука за отпис од сметководствена евиденција.
5. Информација во врска со поведената претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над Трговско радиодифузно друштво ,,МОНАКО – РАДИО СИТИ ФМ” ДООЕЛ Куманово.
6. Информација во врска со извршените контролни надзори врз работата на операторот на јавни електронски комуникациски мрежи ИГМАС-НЕТ ДООЕЛ Битола.
7. Барање бр. 11-272 од 20.06.2014 година, за регистрирање на дигитален пакет програмски сервиси бр. 14 на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО Гевгелија.
8. Информација од 39-от состанок на Европската платформа на регулаторни тела (ЕПРА), одржан во Будва, Република Црна Гора, во периодот од 4-ти јуни до 6-ти јуни 2014 година, подготвена од м-р Ивона Муфишева Алексовска и м-р Емилија Јаневска.
9. Информација од Регионалниот состанок во организација на Советот на Европа на тема – Дефинирање на специфичните показатели за воспоставување и следење на транспарентноста, одговорноста и оперативната ефикасност на регулаторните тела за медиумите – што се одржа во Будва, Црна Гора на 4 јуни 2014 година, подготвена од м-р Ивона Муфишева Алексовска и м-р Емилија Јаневска.
10. Информација од Студиската посета на италијанското регулаторно тело АГЦОМ на тема „Мониторинг на политичкото претставување во медиумите” што се одржа во Рим, Италија на 16 јуни 2014 година, подготвена од Несрин Сејфула, Сашо Богдановски и м-р Емилија Јаневска.
11. Информација од тркалезната маса за Нацрт-Законот за општата управна постапка одржана на Правниот факултет „Јустинијан Први” на 10 јуни 2014 година, подготвена од м-р Андриана Скерлев Чакар и м-р Ивона Муфишева Алексовска.
12. Молба од Арбен Саити, бр. 03-3274/1 од 17.06.2014 година.
13. Разно.