Седница бр.38 – 23.11.2023 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 38-та седница ја одржа на 23.11.2023 година (четврток) со почеток во 14:05 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 37-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 16.11.2023 година.
  2. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членот 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  3. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
  4. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
  5. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 98 став 1 од ЗААВМУ.
  6. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  7. Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на РТД АРАЧИНА од с. Арачиново.
  8. Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТРД ВИСТЕЛ од Скопје.
  9. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на НАРОДЕН ЛЕКАР ДООЕЛ од Скопје, за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  10. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на СРПСКИ КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР СПОНА од Скопје, за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  11. Предлог – решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД ТВ К&М КИСС&МЕНАДА ДООЕЛ Тетово.
  12. Предлог – решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД ТВ ЗДРАВКИН Ангелче Здравкин, ДООЕЛ, Велес.
  13. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Адаптивно и превентивно одржување на постојниот софтвер за анализа на РА и ТВ програми НАВС.
  14. Предлог за давање одобрување за донесување Решение за трансформација на работен однос на 1 (еден) вработен во Стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  15. Предлог – одлука за исплата на надоместок за смрт на член на семејство.
  16. Разно.


Accessibility

Accessibility