Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 39-та седница ја закажува за 21.11.2017 (вторник) со почеток во 12:30 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 38-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 13.11.2017 година.
- Нацрт-годишен план за вршење програмски надзор за 2018 година.
- Нацрт-годишен план за вршење административен надзор за 2018 година.
- Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година).
- Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТВ Аласт-М од Скопје.
- Информација во врска со неможноста за реализација на програмата на Универзитетското радио „Студент ФМ 92,9“.
- Предлог за давање одобрение за склучување Спогодба за раскинување на Договор за вработување со анекси и донесување на Решение за престанок на важноста на Договорот за вработување со анекси, со предлог – спогодба и предлог – решение.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка: Изработка на РА и ТВ спот против сексизмот во медиумите.
- Предлог – одлука за набавка на службена облека за надворешен соработник – возач.
- Разно.