Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, четвртата седница ја закажува за 29.01.2016 година (петок), со почеток во 11:00 часот…
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, четвртата седница ја закажува за 29.01.2016 година (петок), со почеток во 11:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Предлог-записник од 03-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 22.01.2016 година.
2. Предлози за покренување на постапки за одземање на дозволи за телевизиско емитување.
3. Нацрт-план за дополнување на Планот за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
4. Предлог-одлука за промена во сопственичката структура на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево.
5. Предлог-одлука за промена во сопственичката структура на ТРД за радиоактивности РАДИО ЗОРА ДООЕЛ Делчево.
6. Предлог-одлука за набавка од мала вредност.
7. Разно.