Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 42-та седница ја закажува за 26.12.2017 (вторник) со почеток во 13:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 41-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 22.12.2017 година.
- Предлог-годишен план за вршење програмски надзор во 2018 година.
- Предлог-годишен план за вршење административен надзор во 2018 година.
- Предлог-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година (со Предлог-програма на планирани активности и Предлог-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година).
- Предлог-одлука за одбивање на Писменото барање од заинтересираната страна за донесување одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на територијата на град Скопје.
- Предлог-одлука за одбивање на Писменото барање од заинтересираната страна за донесување одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на подрачјето на општина Струмица.
- Информација за Универзитетското радио „СТУДЕНТ ФМ 92,9“, со Предлог-Заклучок .
- Разно.