Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 7-та седница ја одржа на 01.03.2021 година, со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од првото продолжение на 5-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 24.02.2021 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 6-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 24.02.2021 година.
- Предлог-одлука за начинот на реализирање на Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, бр.40-2664/1 од 24.02.2021 година.
- Предлози за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за ТВ и РА емитување.
- Предлог за усвојување нови обрасци во врска со обврските од член 15 став 5 од Законот за медиуми.
- Разно.