Скопје, 28.04.2016г. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Нацрт-правилник за утврдување на локациите до кои операторите на јавни електронски комуникациски мрежи кои реемитуваат програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се должни да го испорачаат својот сигнал. Предложените измени се однесуваат на: почетокот на примената на Правилникот, дополнување на насловот односно прецизирање на обврската, уредување на можноста за рационализирање на обврската кај оние оператори кои своите програмски пакети ги нудат во различни региони. Текстот на Нацрт-правилникот е ставен на јавна расправа, со траење од 30 дена.
Советот на Агенцијата донесе одлука со коjа се дозволува промена на сопственичката структура на ТРД ТВ Амазон ДООЕЛ Скопје, со оглед на тоа што со предложените промени не се создава недозволена медиумска концентрација.
Воедно, Советот го одобри предлогот на директорот на Агенцијата за донесување Одлука за продажба на службено патничко моторно возило марка.