Скопје, 24.9.2025 – На единаесеттата седница одржана на 24 септември 2025 година, Советот на Агенцијата усвои неколку упатства и правилници, како и одлуки за јавни набавки.
Советот го усвои Нацрт-упатството за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година, кое ќе биде објавено на веб-страницата на Агенцијата за јавна консултација со сите заинтересирани страни. Усвоени беа и измените и дополнувањата на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата за преземање мерки, како и измените и дополнувањата на Упатството за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.
Исто така, беше донесен Правилник за изменување на Правилникот за начинот на користење, управување и одржување на службените возила на Агенцијата.
Советот даде одобрување на директорот да спроведе постапки за јавни набавки за канцелариски материјали и за систематски прегледи. Двете постапки се предвидени во Годишниот план за јавни набавки за 2025 година, а средствата се обезбедени со Финансискиот план на Агенцијата.