Скопје, 14.1.2026 – Советот на Агенцијата, на својата 1. седница, одржана согласно утврдениот дневен ред, донесе две одлуки, и тоа Одлука за продолжување на дозволата за радио емитување на Трговско радиодифузно друштво РАДИО ЈЕХОНА ФМ ДООЕЛ Куманово за период од 9 години и Одлука за промена на сопственичката структура на ТРД РАДИО ВАТ ДОО Скопје.
Во рамки на надзорните постапки, Советот утврди непочитување на одредбите од членот 53 ставови 4 и 5, во врска со ставовите 6 и 19 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои се однесуваат на аудио комерцијалните комуникации, по што беше изречена мерка јавна опомена на ТРД МОДЕА ДООЕЛ Свети Николе.
Дополнително, поради необезбедување на законски пропишаните информации кои треба да се направат достапни за корисниците, Советот донесе решение за изрекување мерка јавна опомена на ТРД РАДИО ЈЕХОНА ФМ ДООЕЛ Куманово за прекршување на членот 51 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.