Хроника од 1-та седница

СКОПЈЕ, 12.01.2012 – На 1-та седница, СРД го усвои Записникот од 19-та седница на Советот за радиодифузија на РМ, одржана на 28.11.2011 година, за која имаше и две продолженија, одржани на 01.12.2011 година односно на 02.12.2011 година.

Советот го усвои и Конечниот извештај од ревизијата извршена  на проектот СЕЕ Digi TV, финансиран преку претпристапните фондови на ЕУ-ИПА Transnational во процесот за јавни набавки во постапка со барање за прибирање на понуди без објавување на оглас. Усвоен беше и Нацрт План за јавни набавки на Советот за радиодифузија на РМ за 2012 година, заедно со придружните документи кон Планот: Предлог-Процедура за јавна набавка, Предлог-Образец за јавна набавка и Распоред на јавни набавки по сектори.

СРД одлучи да издаде одобрение за промена на сопственичката структура на ТРД ТВ Жупа од с. М. Папрадник – Центар Жупа, со оглед на тоа што не се создава недозволена медиумска концентрација, односно не постојат формално-правни пречки.

Исто така беше усвоена Информацијата за исполнувањето на обврската за објавување на податоците согласно член 20 од Законот за радиодифузната дејност и одлучи поради неисполнување на обврската за објавување на податоците за работењето во претходната година, што произлегува од член 20 став 1 и став 2 од Законот за радиодифузната дејност, да ги изрече следните мерки: писмена опомена на Трговско радиодифузно друштво А2 ТЕЛЕВИЗИЈА ДОО, Времена  забрана за рекламирање и телешопинг од еден ден на Друштво за радио дифузија ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга, Времена  забрана за рекламирање и телешопинг од три дена на Радио дифузно друштво ТВ МЕДИ Битола ДООЕЛ.

СРД го усвои Извештајот во врска со одржаниот работен состанок со претставниците на ДИГИТАЛБ Албанија.

 

На седницата не беше усвоена Предлог-Одлуката за престанување на важност на Правилникот за стручно усовршување, дообразување и специјализација на членовите на Советот за радиодифузија.



Accessibility

Accessibility