Хроника од 1-та седница

Скопје, 09.01.2020 – На 1-та седница одржана на 03.01.2020 година, Советот на Агенцијата донесе 3 Одлуки за објавување на јавен конкурс за доделување на дозволи, и тоа: за радио емитување на локално ниво на подрачјето на општина Куманово, за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на локално ниво на подрачјето на општина Тетово и за радио емитување на локално ниво на подрачјето на општина Дебар.

По поднесена писмена изјава за откажување од дозволата од страна на имателот на дозволата за телевизиско емитување, Советот на Агенцијата донесе Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД ТВ СИТЕЛ 2 ДООЕЛ Скопје.

Врз основа на констатации од вонреден надзор, по службена должност, Советот на Агенцијата донесе Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ КИСС Злате ДООЕЛ Тетово, поради тоа што имателот на дозволата престанал со емитување на програмскиот сервис повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини.

Воедно, Советот на Агенцијата даде одобрување на директорот на Агенцијата за спроведување на постапка за доделување на договор за јавна набавка за стока ИКТ опрема.



Accessibility

Accessibility