Хроника од 1-та седницa

Скопје, 05.01.2016г. – На првата седница, Советот на Агенцијата, согласно обврската утврдена во Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, ја донесе Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси и Ставот на Агенцијата за обврската да врши надзор врз изборното медиумско претставување на интернет порталите.

Воедно, на денешната седница, Советот даде и две одобренија на директорот на Агенцијата и тоа: да донесе одлука со која ќе се одобрат финансиски средства за користење на услугата – претплата за една конекција/пристап на електронска база на прописи – Академика и согласно Законот за јавни набавки да спроведе постапка за јавна набавка: Финансиско-осигурителни услуги.



Accessibility

Accessibility