Хроника од 10та седница

Скопје, 13.04.2021 – Советот на Агенцијата на вчерашната седница, ги разгледа Кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за првото тромесечје од 2021 година.

Усвоена е Нацрт-измена на Планот за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите. По текстот за Нацрт-измената на Планот е отворена јавна расправа во траење од 30 дена.

Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата изрече 3 мерки јавна опомена, и тоа: на ТРД СИТЕЛ ДОО Скопје за прекршување на чл.50 став 3 од ЗААВМУ и чл.16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица, ТРД Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје за прекршување на чл.64 став 1 од ЗААВМУ и Колор Медиа Плус за неисполнување во целост на обврската од чл.14 од Законот за медиуми.

Во врска со известувањата за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе две Одлуки со кои се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД КТВ ДООЕЛ Кавадарци и ТРД Радио ЗОРА ДООЕЛ Делчево.

Советот на Агенцијата на оваа седница донесе и Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД АЉБАНА ПЛУС ДООЕЛ Куманово.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2021 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да ги спроведе постапките за јавна набавка: стока-средства за хигиена, стока-електрична енергија, услуга-изнајмено печатење и услуга-обновување на сертификатот ISO 9001:2015 стандард за управување со квалитет.



Accessibility

Accessibility