Хроника од 10 седница

Скопје, 10 март 2026 година – На денешната седница, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Решение за запирање на постапката за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија Кочани-ЛД ДООЕЛ Кочани, откако радиодифузерот во целост го уплати годишниот надоместок за дозволата за телевизиско емитување.

Воедно, покрената е постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ Гурра ДООЕЛ Кичево, поради неплаќање на годишниот надоместок за дозволата за телевизиско емитување. Доколку обврската не биде исполнета, Советот во законски утврдениот рок ќе донесе одлука за одземање на дозволата.

Дадено е и одобрување за спроведување постапка за јавна набавка за услуга – истражување на медиумската писменост кај средношколци од трета и четврта година. Постапката е предвидена со Годишниот план за јавни набавки на Агенцијата за 2026 година, а средствата се обезбедени со Финансискиот план на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility