Скопје, 02.03.2017г. – Поради извршена уплата за годишен надоместок за дозволата, Советот на Агенцијата донесе две Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ ЛАЖАНИ ДООЕЛ с.Лажани Долнени и за радио емитување на ТРД РАДИО 5 ЧОКИ ДООЕЛ Прилеп.
Поради не исполнување на обврската од член 80 став 5 од ЗААВМУ, односно не плаќање на надоместокот за дозволата во законски утврдениот рок, Советот покрена една постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ ХАНА, Мевљан ДООЕЛ Куманово.
На денешната седница, согласно Годишниот план за јавни набавки на Агенцијата за 2017 година, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата да донесе Одлука за потреба од јавна набавка за предметот – стока: Средства за хигиена.