Хроника од 10-та седница

Скопје, 13.03.2023 – Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од ЗААВМУ, односно неплаќање на годишниот надоместок за дозвола за радио емитување, Советот на Агенцијата започна постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТРД Радио ВАЛАНДОВО ДОО Валандово.

Врз основа на констатации од Известување за извршена уплата, Советот на Аенцијата донесе Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД Радио КАВАДАРЦИ ДООЕЛ Кавадарци.

На операторот на јавна електронска комуникациска мрежа ТРД КАБЕЛ-НЕТ ДОО Струмица му е изречена мерка јавна опомена за прекршување на член 141 од ЗААВМУ, односно емитување на програмски сервис кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility