Хроника од 11 седница

Скопје, 26 март 2026 година – На 11 седница одржана на 23 март и првото продолжение на 11 седница, одржано на 25 март 2026 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги разгледа повеќе прашања од својата надлежност.

Советот го одобри Нацрт-годишниот извештај за работата на Агенцијата за 2025 година.

Врз основа на извршен административен надзор, утврдено е прекршување на Законот за медиуми кај Друштвото за производство, трговија и услуги ИНОВАТОР ЈСМС ТЕСЛА ДООЕЛ Свети Николе, издавач на „БАЛКАНиУМ“, поради необјавување на задолжителни импресум податоци. Поради тоа, Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена и наложено е усогласување на работењето во рок од 20 дена.

Советот на АВМУ даде одобрување за спроведување постапки за јавни набавки за набавка на лиценци за софтвер за автоматско бекапирање и антивирус, како и за услуги за одржување и надградба на системот за анализа на радио и телевизиски програми и за одржување на системите за ладење, греење и вентилација. Постапките се предвидени со Годишниот план за јавни набавки за 2026 година, и средствата се обезбедени со Финансискиот план на Агенцијата.

Воедно, поради исполнување на обврската за плаќање на годишниот надоместок, поништена е претходно донесената Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТВ Гурра ДООЕЛ Кичево.



Accessibility

Accessibility