Скопје, 06.03.2017г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозвола за радио емитување на Трговско Радио-дифузно друштво Б-97 ДООЕЛ Битола.
Поради прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата во утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Трговското друштво за радиодифузија ИНТЕЛ ДОО Струмица.