Скопје, 21.03.2023 – На денешната 11та седница, Советот на Агенцијата го одобри Нацрт-годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година.
Советот на Агенцијата донесе 14 Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозволи поради извршена целосна уплата на годишниот надоместок за дозвола за телевизиско емитување за телевизиско и радио емитување, и тоа за: Радио Валандово, Галакси-2002 Кавадарци, Радио Ла Коста Виница, Радио Медисон Кичево, Канал 77 Штип, Метрополис Радио Скопје, Радио Ред ФМ Тетово, ТВ Спектра Опш.Лабуништа, ТВ Здравкин Велес, ТВ Ера Скопје, Т.В. Калтрина Струга, Радио Арачина, Радио Чоки 5 Прилеп, ТВ Шутел Скопје.
Во врска со известување за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на Трговското радиодифузно Радио ПРО-ФМ од Гостивар.
Согласно Годишниот план за јавни набавки за 2023 година на АВМУ, Советот на Агенцијата одобри директорот да донесе Одлука за спроведување на постапка за јавна набавка на услуга – миење на возила.