Хроника од 12-та седница

Скопје, 08.03.2017г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување на дозвола на ТРД ТОПЕСТРАДА ДООЕЛ Тетово, за телевизиско емитување на програмски сервис од специјализиран формат кој има забавна функција, на албански јазик, кој ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс, на регионално ниво – подрачје на емитување, радиодифузен регион Д8 – Попова Шапка. 

Поради прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата во утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за радио емитување на Трговското друштво за радиодифузија РАДИО ВАЛАНДОВО ДОО Валандово.

Воедно, Советот донесе и Решение за запирање на постапка за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација, по службена должност, кај ТРД ВИЖН БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДООЕЛ Прилеп.



Accessibility

Accessibility