Хроника од 12-та седница

Скопје, 26.03.2024 – На 12та седница која се одржа на 26.03.2024г., Советот на Агенцијата донесе Одлукa со која се донесе Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година.

Советот на Агенцијата во однос на резултатите од извршената ревизија за 2023 година од независен ревизор, го утврди ставот на АВМУ.

Точката за Предлог-упатство за радиодифузерите за Претседателските и за парламентарните избори 2024 година, се одложи за првото продолжение на 12та седница, додека точката за одобрување набавка на стока, со проценета вредност под вредносни прагови за примена на Законот за јавни набавки, табла со гравоглас со ласерско гравирање, се одложи до завршување на изборите.

На првото продолжение на 12та седница кое се одржа на 29.03.2024 Советот на Агенцијата го усвои Предлог-упатството за радиодифузерите за Претседателските и за парламентарните избори 2024 година.



Accessibility

Accessibility