Скопје, 19.05.2021 – Советот на Агенцијата на 13-та седница одржана на 18 мај, усвои НАЦРТ-правилник за изменување и дополнување на правилникот за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма. По текстот за Нацрт-измената на Правилникот е отворена јавна расправа во траење од 30 дена. Советот на Агенцијата даде одобрување на директорот на Агенцијата да донесе Годишен план за спречување на корупција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021 година.
Во врска со известувањата за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе две Одлуки со кои се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД КОМЕТА 2000 Раде ДООЕЛ Гостивар и ТДР ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје.
На оваа седница Советот на Агенцијата донесе и Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД РАДИО 102КА-ФМ ДООЕЛ Струга.
Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2021 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да ги спроведе постапките за јавна набавка: услуга-одржување на веб страниците на Агенцијата и за продолжување на важноста на постојни и набавка на нови дигитални сертификати.
Советот на Агенцијата донесе Заклучок да не го усвои Приговорот бр.04-1815/3 од 11.05.2021 година на Одлуката бр.04-1815/1 од 29.04.2021 година.