Хроника од 13-та седница

Скопје, 20.03.2017г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата го одобри Нацрт-годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година.

Воедно, Советот донесе и една Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ИНТЕЛ ДОО Струмица и две Решенија за запирање на постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ ХАНА Мевљан ДООЕЛ Куманово и ТРД РАДИО ВАЛАНДОВО ДОО Валандово.

Со цел да се започнат постапки за јавна набавка кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2017 година на Агенцијата, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата, да донесе Одлука за набавка на услугата–исполнување на обврските кои произлегуваат од Законот за заштита и спасување и Законот за пожарникарство, за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. 



Accessibility

Accessibility