Хроника од 13-та седница

Скопје, 10.04.2023 – На денешната 13та седница, Советот на Агенцијата донесе  Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозвола поради извршена целосна уплата на годишниот надоместок за дозвола за телевизиско емитување на ТРД Телевизја ПЛУС ДОО Куманово.

Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата изрече пет мерки јавни опомени, и тоа на:

  • РД Наша ТВ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица – емитувана играна серија без соодветна преупредувачка сигнализација пред почетокот и без класификациска ознака за категоријата програма во текот на целото времетраење;
  • ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 55 став 1 од ЗААВМУ – забрана за пласирање производи во тој вид ТВ програми;
  • РТД Телевизија Сонце ДООЕЛ Прилеп за прекршување на член 64 став 1, необезбедување превод на јазикот на кој медиумот емитува програма согласно дозволата;
  • ТРД Компани 21-М ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ и член 14 од Законот за медиуми, односно неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела нити пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски еудиовизуелни дела го емитува во период од 07,00 до 19,00 часот и необјавување податоци за импресум, што радиодифузерот е должен да ги емитува на соодветно место за секоја содржина од програмскиот сервис.

Советот на Агенцијата заклучи против ТРД Дибра ТВ ДООЕЛ Дебар да покрене прекршочна постапка врз основа на контролен програмски надзор, со кој е утврдено дека радиодифузерот не постапил по Решението за изрекување мерка јавна опомена и не ја отстранил повредата на член 92 став 1 од ЗААВМУ, односно продолжил со неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како медиумски аудиовизуелни дела.



Accessibility

Accessibility