СКОПЈЕ, 14.10.2014-Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница донесе Правилник за доставување на пропратната документација кон дописите и пријавите упатени до архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Советот на Агенцијата ги усвои следниве акти: Нацрт-Правилник за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси, Нацрт-Правилник за формата и содржината на известувањето за промената на сопственичката структура, Нацрт-Правилник за форматите на програмските сервиси на радиодифузерите, Нацрт-Правилник за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма, Нацрт – Правилник за заштита на малолетните лица и Нацрт–Упатство за начинот на класификација на видовите аудиовизуелни и аудио програми.