Хроника од 13-та седница

Скопје, 26.02.2018г. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе четири Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозвола за телевизиско емитување на следниве радиодифузери: ТРД ТВ-ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај, ТРД ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје, ТРД РАДИО ВАТ ДОО Скопје и ТРД РТВ ДРИНИ ДООЕЛ Струга.

Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно неплаќање на надоместокот за дозволата за телевизиско емитување во законски утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена и една постапка за одземање на дозволата на Трговското радиодифузно друштво ТВ ХАНА, Мевљан ДООЕЛ Куманово.

Советот на Агенцијата донесе и Одлука со која се усвои годишната сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година.

 

 

 

 



Accessibility

Accessibility