Скопје, 15.03.2019г. – На вчерашната седница Советот ја усвои Нацрт-политиката за медиумска писменост и отвори јавна расправа по нејзиниот текст која ќе трае до 24 март 2019 година. Нацрт документот е објавен на веб страницата на Агенцијата (www.avmu.mk) и на посебната веб страница за медиумска писменост (www.mediumskapismenost.mk).
Усвоена е регулаторната Стратегија за развој на аудио и аудиовизуелна дејност за период од 2019 до 2023 година.
Врз основа на констатации од писмен извештај, Советот на Агенцијата му упати писмено укажување на ТРД Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје за прекршување на програмските начела за вршење на дејноста од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Донесени се четири Решенија за изрекување мерка јавна опомена и тоа: три на ТРД Канал 5 (употреба на јазикот во програмите, услови за рекламирање и телешопинг и пласирање на производи – истакнување и упатување) и едно за ТРД 1 ТВ (визуелен знак што ја сигнализира категоријата во промотивни најави за програмите).
Воедно, Советот ја прифати информацијата за плаќање на годишна членарина за Европската платформа на регулаторни тела за 2019 година и даде одобрување на директорот на Агенцијата да донесе Одлука за набавка на стока од мала вредност.