Скопје, 05.03.2020 – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе три Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозволата за вршење на радиодифузна дејност на следниве радиодифузери: ТРД АМАЗОН ДООЕЛ Скопје, ТРД ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје и ТРД КАПИТОЛ ФМ ДООЕЛ Скопје.
Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно неплатен годишен надоместокот за дозвола за радио емитување во законски утврдениот рок, Советот на Агенцијата донесе Одлука за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД Зоран Здравковиќ МХ-РАДИО Охрид ДООЕЛ.
Советот на Агенцијата донесе и две Решенија за бришење од регистарот на радиодифузери за ТРД Радио БРАВО ДООЕЛ Куманово и ТРД РТВ ДРИНИ ДООЕЛ Струга.
Со цел да се започне постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2020 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка – стока: електрична енергија.