Скопје, 06.04.2022 – Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од ЗААВМУ односно ненавремено плаќање на годишниот надоместок за дозволата за телевизиско емитување, Советот на Агенцијата на 14-та седница покрена постапка за одземање на дозволата на Радиодифузното трговско друштво Телевизија СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп.
Советот на Агенцијата на оваа седница донесе и Заклучок сите активности во врска со постапувањето по барањето на ТРД КАНАЛ 77 Штип за евентуални измени на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување да ги одложи до донесување на одлука на Уставниот суд на РС Македонија во врска со поведената Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на овој подзаконски акт.