Скопје, 12.03.2020 – На 14-та седница Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД РАДИО ХИТ ФМ ДООЕЛ Скопје, поради тоа што радиодифузерот годишниот надоместок за дозволата го плати во целост.
Поради тоа што во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не беше примена ниту една пријава во предвидениот рок, Советот донесе одлука за неуспешен јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво на подрачјето на општина Дебар.
Исто така Советот донесе и Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД Зоран Здравковиќ МХ-РАДИО Охрид ДООЕЛ.