Хроника од 14-та седница

Хроника од 14-та седница

Скопје, 29.03.2016г.  – На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одобри Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година и донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за работниот ред и дисциплинската и материјалната одговорност на вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Притоа ги усвои и двата става на Агенцијата во однос на известувањето за извршена проверка на преземените мерки во врска со дадените препораки содржани во конечниот извештај на Овластениот државен ревизор и во однос на известувањето за извршена проверка на преземените мерки во врска со дадените препораки содржани во конечниот извештај на Овластениот државен ревизор. Советот донесе Одлука со која се одобри предложениот ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за 2016-та година и даде три одобрувања на директорот и тоа: за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2016 година, за донесување одлука за потреба од јавна набавка-одржување на постојната веб страница на Агенцијата и за дообезбедување на средства потребни за реализација на договорот за јавна набавка-Тонери за принтер и копир апарати.



Accessibility

Accessibility