Хроника од 14-та седница

Скопје, 03.05.2023 – На денешната седница, Советот на Агенцијата ги разгледа Кварталните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 јануари до 31 март од 2023 година.

Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА Скопје за прекршување на член 92 ставови 1 и 2 од ЗААВМУ односно неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, нити пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела го емитува во период од 07,00 до 19,00 часот.

Советот на Агенцијата заклучи против ТРД ТВ КАЛТРИНА Струга да покрене прекршочна постапка врз основа на контролен програмски надзор, со кој е утврдено дека радиодифузерот не постапил по Решението за изрекување мерка јавна опомена и не ја отстранил повредата на член 92 став 1 од ЗААВМУ, односно продолжил со неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела.

Во врска со известувањата за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе две Одлуки со кои се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД ТВ Шутел од Скопје и ТРД Урбан ФМ од Скопје.

Согласно Годишниот план за јавни набавки за 2023 година на АВМУ, Советот на Агенцијата одобри директорот да донесе одлуки за спроведување на постапки за јавна набавка на следните услуги/стоки: лиценца за Firewall, потрошен и ситен информатички материјал и алат, изнајмено печатење и градежни-занатски работи за санација на објект со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки.



Accessibility

Accessibility