Хроника од 14-та седница

Скопје, 21.05.2021 – Советот на Агенцијата го усвои Предлог-планот за измена на Планот за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите, бр.01-1268/1 од 17.02.2015г, кој потоа согласно член 69 став 5 од ЗААВМУ ќе се достави до Владата на Република Северна Македонија со цел АВМУ да добие согласност да го донесе.

Поради прекршување на член 14 став 1 од Законот за медиуми Советот изрече јавна опомена на  Друштвото за услуги АНТИЌ МЕДИА ДООЕЛ Скопје.

Во насока на исполнување на Годишниот план за јавни набавки за 2021 година, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да ги спроведе постапките за две јавни набавки: Изработка на нова веб страница – mediumskapismenost.mk и Одржување на дополнителниот модул на постојно апликативно решение „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи“. Од технички причини Советот одложи две јавни набавки: изработка на Студија за можностите за воведување дигитално радио и Анализа на можностите и потребите за воведување DVB-T2.



Accessibility

Accessibility