Хроника од 15-та седница

Скопје, 25.03.2020 – На 15-та седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за зголемување на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020-та година.  Во таа насока донесе и Одлука за доделување финансиска помош-донација за справување со последиците од Коронавирусот Covid-19 во вкупен износ 105.000.000,00 (сто и пет милиони) денари, на Јавниот радиодифузен сервис „Македонска радио телевизија“, радиодифузерите кои вршат телевизиско или радио емитување на територијата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи.

Советот донесе Одлука со која се одобрува Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година (со Извештај за реализација на Годишниот план за програмски надзор за 2019 година и Финансиски извештај за реализација на Финансискиот план за 2019 година и годишната сметка со реализирани приходи, расходи, побарувања и обврски за 2019 година) и на истата седница го утврди и Ставот на Агенцијата во однос на резултатот од извршената ревизија од независниот ревизор за 2019 година.

Поради тоа што ТРД ЈОН-РАДИО ДОО Струга обезбедил покриеност со сигнал на најмалку 80% од населението на Република Северна Македонија односно го усогласил своето работење со одредбите на член 62 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и член 6 од Правилникот за подрачја на емитување на телевизиски и радио програмски сервиси, Советот донесе Решение за запирање на покренатата постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД ЈОН-РАДИО ДОО Струга.

На оваа седница Советот даде одобрување за плаќање годишна членарина на Агенцијата за ЕПРА за 2020 година и одобрување да се спроведе набавка на заштитни средства за вработените и странките – маски, ракавици, средства за дезинфекција, во износ кој нема да надмине 30.000,00 денари.



Accessibility

Accessibility