Скопје 15.04.2024г. – Поради исполнување на законската обврска за плаќање на годишниот надоместок за дозвола за радио емитување, Советот на Агенцијата на 15та седница одржана на 12.04.2024г. донесе Решение за запирање на покренатата постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на РТД ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп.
Советот на Агенцијата го усвои Нацрт-упатство за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и за Парламентарните избори 2024 и го достави до радиодифузерите и другите заинтересирани страни за коментари и забелешки, најдоцна до 15 часот на 15 април 2024 година.